Веднаш до апсидата на Синагога Базиликата се наоѓа Малата Бања. Нејзиниот источен дел е пропаднат во однос на западниот што би се должело на пореметување на подлогата веројатно предизвикано од земјотрес. Ископувана е во 1931 и 1963 година, но нема многу податоци за овие истражувања.

МАЛА БАЊА

Previous Next

Северната половина на градбата ја опфаќа една широка просторија со под од песочни плочи, определена како аподитериум или соблекувална. Од аподитериумот, на запад, се влегувало во полукружна просторија која е најверојатно фригидариум. На југ се наоѓаат три апсидални простории распоредени во низа. Тука најпрвин се влегува во тепидариум со мал базен, а од таму во другите две простории кои имаат хипокаустен систем под подовите, но кај нив недостасуваат кади. Ложиштето се наоѓа под најисточната апсидална просторија и до него се доаѓа преку влез од аподитериумот. На исток од соблекувалната се наоѓаат уште две простории од кои едната има одводен канал и определена како латрина (тоалет).

 

Во недостаток од информации бањата е широко датирана од IV до VI век н.е.   

Aрхеолошки лексикон

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026