Casa Romana или „Римска Куќа“ се наоѓа во североисточниот дел на градот и е лоцирана близу источниот бедем од кој ја двои една уличка. Градбата е истражувана во 1970 и 1972 – 1974 година. Комплетно е отворена една просторија, а сондирани се уште девет други. Специфично е тоа што ѕидовите на градбата биле украсени со фрески и штукатури на кои се претставени архитектонски елементи и ликови. Куќата била изградена во средината на I век н.е., а обновата на ѕидната декорација се случила во текот на II век. Casa Romana не е комплетно истражена поради подвирање на вода од реката која се наоѓа на исто ниво со подот на куќата. Целиот објект бил поплавен на крајот oд III или почетокот на IV век н.е.