Објектот претставува луксузна резиденција која се наоѓа северно од театарот. Истражувана е во 1939 – 40, 1972 и 1981 година, додека поновите истражувања се парцијално изведувани во периодот помеѓу 2000 и 2009 година. 

КОЦКАРНИЦА

Previous Next

Името го добива според наодите во апсидалната дворана со подни мозаици. Тука се откриени две мермерни табли, една бронзена табла како и повеќе коцки. Двораната има фонтана во средината, а околу неа се распоредени повеќе простории чии подови се од мермерни плочи или пак имаат мозаик. На северниот крај се наоѓаат бања и тоалет. Бањата има хипокаустен систем и две кади, додека во тоалетот има шолја што е единствен случај на Стоби. На западниот крај од објектот се наоѓа перистил со базен.

 

Откритието на луксузни предмети со христијански мотиви, како и откривањето на фрески со светители во поновите истражувања, наведуваат на размислување дека овој објект е всушност епископската резиденција. Ваквата теза се потпира и на фактот што палатата се поврзува со Епископската Базилика преку т.н. Via Еpiscopalis која е поплочена со мермерни седишта од театарот.

 

Градбата е изградена кон крајот на IV век, но во текот на VI век е преградена така што некои од ѕидовите биле употребени во новите скромни куќарки.

Aрхеолошки лексикон

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026