Via Principalis Inferior или Долната главна улица се протега паралелно со улицата Via Principalis Supеrior. На нејзината западна страна се лоцирани Теодосијанската палата и Куќата на Перистерија додека на источната се распоредени Големата бања, Палатата на Полихарм, Синагога – Базиликата, Цивилната базилика и Северната базилика. Улицата не е истражена, но познато е дека под неа се наоѓа линијата од водоводот која ги снабдува Големата бања и Градската чешма.