Domus Fulonica или Валавница е името на палатата која се наоѓа на улицата Via Principalis Superior, спроти Епископската резиденција.

 

Името го добива поради откриените школки во 1934 година, кога за првпат е ископувана. Истражувачите сметале дека овие школки се користеле за добивање на пурпур, кои што заедно со откриените прешлени за вретено биле доволни палатата да биде интерпретирана како ткајачка работилница.

DOMUS FULONICA

Previous Next

Во текот на 70 – тите се преземени нови истражувања со кои е отфрлена претходната теза. Констатирано е дека градбата претставува поголема куќа со две фази на изградба од крајот на III и од крајот на IV. Била срушена во V век и подоцна врз урнатините се подигнати скромни куќи кои ги користат некои од старите ѕидови. Утврдено е дека претходно откриените школки се храна, а не ткајачка суровина. Според наодот на прстен, со натпис ГР, предложено е градбата да се преименува во Куќа на ГР.

 

Под целиот комплекс, во 1975 и 2001 година се откриени хеленистички гробови со кремирани покојници и различна гробна конструкција.

 

Денес на локалитетот е презентирана куќата од IV век. На средината има перистил со 12 столбови во кој се наоѓа бунар. Околу се распоредени мноштво на простории помеѓу кои најимпресивна е големата апсидална сала со четири ниши каде што некогаш стоеле скулптури. Објектот настрадал во пожар на средината од V век и според наодите на номадско оружје се верува дека катастрофата е резултат на хунски напад на Стоби.

Aрхеолошки лексикон

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026