ГРОБЈАНСКА БАЗИЛИКА

Previous Next

Гробјанската базилика се наоѓа околу 250 метри југозападно од Porta Heraclea, на самата западна некропола. Откриена е во 1917 година од страна на германската војска, а подоцна е истражувана во 1924, 1936 и 1982 година.

 

Има три кораби кои биле одвоени со столбови. На западната страна се наоѓа нартекс на кој се додадени други простории. Подот во централниот кораб бил декориран со мозаик кој е датиран во првата половина на V век н.е.

 

Во црквата и околу неа се откриени околу 50 – тина гробници. Десет од нив имаат засводена конструкција од тули со малтерни ѕидови и сликани мотиви. Останатите се цисти со плочи од песочник.

 

На јужниот крај е сместена пространа гробница со крстаст свод во која се слегувало преку скали. Покрај ѕидовите се сместени три аркосолиуми.

 

Базиликата имала фунерарен карактер и тука биле погребувани поимотните христијански покојници.

Aрхеолошки лексикон

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026