Eден од најголемите предизвици и приоритети за НУ Стоби е изградбата на музејски комплекс од другата страна на реката Црна. Нашата замисла опфаќа едно комплексно идејно решение во кое, покрај музејска зграда во која ќе бидат изложени артефактите откриени во Стоби, се планирани и други придружни објекти - кафетерија, продавница за сувенири, заедно со целосно хортикултурно решение на просторот од двете страни на реката, кое подразбира и обѕидување на речното корито, поставување на дрвени натстрешници со клупи за одмор и дрвени мостови кои ќе ги поврзуваат двете страни на реката.