Новата туристичка понуда користи технологија за виртуелна реалност во промоција на богатото културно наследство на Стоби. Апликацијата за виртуелна реалност Ве води на интерактивно патување низ времето и просторот, претставувајќи ги римскиот театар во својот полн капацитет, жителите на Стоби, опремата на гладијаторите, како и самите гладијаторски борби. Оваа прошетка е достапна на секој половина час почнувајќи од 10 часот и за истата е неопходно да направите резервација со јавување на 075 210 752 или 043 251 026, секој работен ден до 16:00 часот.