Како резултат на летната школа за фотограметрија одржана во 2015 година во Стоби, беа направени триесетина 3D модели на предмети откриени при археолошките истражувања на локалитетот. Овие модели се почеток на нова дата база на документација на НУ Стоби и солидна основа за формирање на виртуелен музеј. Проектот беше реализиран како дел од сорaбoтката со фондацијата Балканско наследство, под раководство на д-р Џорџ Беван од Универзитетот Квинс во Канада.