Во чест на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од монетарното осамостојување на Република Македонија и по повод Меѓународниот ден на музеите, Народната банка на Република Македонија и Националната установа Стоби ја организираат изложбата „Ранохристијанското ѕидно сликарство од Епископската базилика во Стоби“ чие отворање е закажано за петок 18 мај 2012 година во 12 часот.
Во галеријата на НБРМ ќе бидат изложени најстарите христијански фрески од Република Македонија - фреските од Старата епископска базилика во Стоби, кои беа конзервирани во текот на 2010 и 2011 година во рамките на проектот финансиран од Амбасадорскитот фонд за заштита на културното наследство кој го доделува Американската амбасада.
На свеченото отворање ќе говорат гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, амбасадорот на САД, Пол Волерс и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. Автори на изложбата која ќе биде отворена за посети до 18 јуни се Силвана Блажевска, Тонка Митрова и Мишко Тутковски.
Поврзано:
Завршни фази на проектот за конзервација на живописот од Епископската базилика (03.08.2011)
Најстарите христијански фрески во Македонија (14.12.2010)
Амбасадорски грант за заштита на културното наследство