На 3 август отпочнува интернационална теренска школа за археологија во Стоби, која ја организираат НУ Стоби и фондацијата „Балканско наследство“ од Р. Бугарија. Во три сесии од по две седмици, во текот на август и септември, 37 учесници од различни делови на светот ќе се запознаат со основните методи на археолошките истражувања. Ископувањата ќе бидат фокусирани на куќите од 6 - тиот век во секторот Полукружен плоштад. Покрај теренска работа, школата опфаќа предавања на различни теми поврзани со Стоби и екскурзии во Охрид и Битола. Овие две посети се одлична можност за запознавање и воедно промовирање на еден значаен дел од македонското културно богатство. За сите студенти - учесници предвидени се универзитетски кредити.
За потстетување, во периодот од 12 до 25 јуни во Стоби се одржаа работилница за конзервација на керамика и работилница за конзервација на фрески во кои партиципираа осум учесници од САД и Велика Британија. За време на работилниците беа конзервирани неколку помали сатчиња од римскиод период како и помали фрагменти на фрески од различни објекти. Погледнете ги фотографиите тука.
Поврзано:
Работилници за конзервација во тек (21.06.2011)
Tеренска школa и работилници на локалитетот Стоби во 2011 година (09.02.2011)
Летна археолошка школа (14.12.2010)