Во периодот помеѓу 5.08 и 5.09.2010 година, на археолошкиот локалитет Стоби беше реализирана интернационална археолошка школа која им овозможи на партиципантите да се запознаат со основите на археолошката теренска методологија. Ископувањата се водеа во секторите Храм и Западна Некропола, во рамки на две сесии со различни учесници. (Види фото)
Посебно позитивно е тоа што во школата учествуваа луѓе на различни возрасти и со различни професии од речиси сите делови на светот.
Проектот е резултат на соработката помеѓу Балканско Наследство и НУ Стоби.
За 2011 година се предвидени следните проекти:
1. Од 12 - 25 јуни - „Работилница за конзервација, реставрација и документација на римска керамика“ (Видео 2010)
http://www.bhfieldschool.org/bh2010rpdr.html
2. Од 12 - 25 јуни - „Работилница за конзервација и документација на доцноантичко ѕидно сликарство“
http://www.bhfieldschool.org/bh2011cdmp.html
3. Од 3 август - 17 септември - „Интернационална археолошка школа“ (Видео 2010)
http://www.bhfieldschool.org/bh2010stobi.html