Сувенири

270 ден.

На светилката е претставен седнат лав со бујна грива. Над лавот е изведена извиена змија, а целата претстава е обиколена со винова лоза. На долната страна на светилката е врежано името на керамичарот, кое за жал е нечитливо. Лавот како симбол на бесмртна храброст е олицетворение на храбрите воини и јунаци. Лавот - крал на ѕверовите, со реноме на благородна природа и достоинственост, често пати е поврзуван со аристократијата и кралските династии. Змијата пак, е прастар хтонски симбол, која во различните митови и култови има различно значење. Иако често е поврзана со зли и опасни креатури, сепак e клучен симбол на плодноста, повторното раѓање, лекувањето, мудроста итн.

 

 

Комерцијална копија

Advertisement

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026