Новости

Археолошка школа во Стоби

август, 07 2012 | Ioannes Stobaeus

 

Почнувајќи од 27 јули, во Стоби се одржува теренска археолошка школа во која учествуваат 22 лица од различни земји. Школата се реализира веќе трета година по ред, во соработка со фондацијата Балканско наследство и е одлична можност за интеракција помеѓу студенти и вљубеници во археологијата од различни делови на светот. Ископувањата се одвиваат на Полукружниот плоштад со цел да се откријат работилниците и дуќаните од 6 век н.е. Во рамките на истражувачкиот процес, учесниците се запознаваат со основните методи на археолошките ископувања и археолошката документација. Покрај теренската работа, во просториите на НУ Стоби се одржуваат и предавања за историјата на Македонија, археологијата и архитектурата во Стоби.

 

Школата завршува на 27 август, а учесниците добиваат универзитетски кредити во зависност од тоа дали учествуваат во една или пак во двете сесии од истражувањата.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026