35 учесници од Канада, САД, Нов Зеланд, Турција, Босна и Херцеговина, Белгија и Велика Британија, во периодот од 5 август до 18 септември беа дел од летната школа за теренска археологија во Стоби, организирана од Балканско Наследство и НУ Стоби. Преку различни предавања, учесниците се запознаа со историјата на Македонија и Стоби, религијата на населението низ вековите, античката архитектура и материјалната култура. Практичниот дел од школата им овозможи на партиципантите да ги совладаат методите на контекстуалниот пристап во археолошките истражувања и изработката на техничка документација. Во рамките на проектот беа истражени четири простории од поголема куќа од втората половина на 6 век. Во нив се откриени предмети од секојдневниот живот на наслението како што се керамички садови, монети, коскени и метални предмети. За време на летната школа во 2012, истражувањата ќе продолжат на истиот простор со цел комплетно документирање на куќата. Погледнете ги фотографиите тука.
Поврзано:
Почеток на интернационалната теренска археолошка школа во Стоби (03.08.2011)
Работилници за конзервација во тек (21.06.2011)
Tеренска школa и работилници на локалитетот Стоби во 2011 година (09.02.2011)
Летна археолошка школа (14.12.2010)