Новости

Конзервација на мозаикот од нартексот во Епископската базилика

октомври, 03 2012 | Ioannes Stobaeus

 

Во текот на овој месец, во Стоби ќе се одвива првата фаза од проектот за конзервација на мозаикот од нартексот во Епископската базилика кој подразбира изработка на документација, кревање на мозаикот од неговата оригинална положба и негово чистење. Во текот на 2013 година е планирано мозаикот да биде поставен на алуминиумско саќе и повторно вратен во Епископската базилика.

 

Подната декорација од нартексот, изработена кон крајот на V-иот и почетокот на VI-иот век, се смета за еден од полуксузните аранжмани во Стоби во поглед на колоритноста, големината на камчињата и прецизноста во изведбата.  Мозаикот е откриен во 20-тите години на минатиот век и освен малите превентивни зафати, никогаш не бил целосно конзервиран. Целта на Националната установа Стоби е да го вклучи овој прекрасен мозаик во презентацијата на локалитетот со оглед на тоа што тој бил недостапен за јавноста во изминатите 30 години.

 

Поврзано:

 

Мозаиците во Стоби отворени за новата туристичка сезона

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026