Новости

Успешна реализација на проектот „Конзервација на крстилницата од Стоби“

октомври, 25 2018 | Ioannes Stobaeus

 

На 24 октомври (среда) на археолошкиот локалитет Стоби се одржи завршната церемонија по повод успешната реализација на проектот „Конзервација на крстилницата од Стоби“, проект финансиран со грант од Амбасадорскиот фонд на Соединетите Американски Држави за заштита на културното наследство. На завршната церемонија се обратија: г-дин Спасе Перовски, директор на НУ Стоби, неговата екселенција, амбасадорот на САД во Р. Македонија, г-дин Џес Л. Бејли, министерот за култура, г-дин Асаф Адеми и претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев. Фотографии од церемонијата.

Со церемонијата беше означен завршетокот на проектот за кој беше аплицирано во декември 2015 година и чија реализација се одвиваше во текот на 2017 и 2018 година. Проектот подразбираше конзерваторски третман на мозаикот од крстилницата,  конзерваторски третман на мермерните елементи од балдахинот над писцината, нивна анастилоза и враќање на мермерниот кантарос во неговата оригинална положба. Анастилозата на мермерните елементи е направена според идеалната реконструкција на В. Динсмор. Проектот за конзервација на мозаикот е изработен од Драган Верговски, м-р Мишко Тутковски и Томе Филов, а е реализиран според анекс од м-р Мишко Тутковски на постара верзија од проектот изработена од Драган Верговски и Томе Филов. Проектот за конзервација и анастилоза на мермерните елементи го изработија Мариана Филова, д-р Силвана Блажевска и Димитар Николовски, а анексот за враќање на кантарост е изработен од Мариана Филова и м-р Мишко Тутковски. Во рамките на проектот беа изведени и археолошки истражувања под крстилницата, раководени од д-р Силвана Блажевска, со учество на археолозите Димитар Николовски, Милена Решкова, Раде Атанасов и Илија Бошковски. Видео 1 и Видео 2 од проектот.

 

Тимовите за реализација на проектот ги сочинуваа:

 

2017 година

д-р Силвана Блажевска, изработка на апликацијата за амбасадорскиот грант во 2015 г. и раководител на проектот во 2017 г.

Владимир Симеонов, раководител на проектот за конзервација на мозаикот во крстилницата

Драган Верговски, член на тимот за конзервација на мозаикот

Јани Антониев, член на тимот за конзервација на мозаикот

Џулијано Лауцовски Верговски, член на тимот за конзервација на мозаикот

Цветко Јандреовски, член на тимот за конзервација на мозаикот

м-р Мишко Тутковски, член на тимот за конзервација на мозаикот и документатор

Стеван Илијевиќ, раководител проектот за конзервација на мермерните елементи

Мариана Филова, член на тимот за конзервација на мермерните елементи

Горан Ивановски, член на тимот за конзервација на мермерните елементи

 

2018 година

м-р Мишко Тутковски, раководител на целокупниот проект и стручен раководител на проектот за конзервација на мозаикот во крстилницата во 2018 г.

Томе Филов, член на тимот за конзервација на мозаикот

Драган Верговски, член на тимот за конзервација на мозаикот

Јани Антониев, член на тимот за конзервација на мозаикот

Цветко Јандреовски, член на тимот за конзервација на мозаикот

Мариана Филова, раководител проектот за конзервација на мермерните елементи

Стеван Илијевиќ, член на тимот за конзервација на мермерните елементи

Горан Ивановски, член на тимот за конзервација на мермерните елементи

 

Во конзервацијата на мермерните елементи и нивната анастилоза огромен придонес имаат и Стојче Велковски и Тони Михајлов.

 

Поврзано:

AFCP Стоби: Конзервација на Крстилницата

AFCP Стоби: Конзервација на мермерните елементи од Крстилницата

AFCP Стоби: Конзервација на мозаикот во Крстилницата

 



© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026