Во текот на минатата седмица, НУ Стоби отпочна со археолошките ископувања на локалитетот како дел од капиталниот проект за истражување на античкиот град, финансиран од Владата на Република Македонија. Оваа сезона во фокусот ќе бидат Куќата на Перистерија и Западната Некропола. На првата локација ќе се ископува во април со цел да се истражат постарите културни слоеви во триклиниумот со мозаик. Некрополата ќе се истражува во текот на мај и тука се очекуваат интересни резултати. Во текот на следните месеци ќе се одвиваат и два проекти за конзервација. Првиот подразбира враќање на мозаикот од Куќата на Перистерија на неговата оригинална позиција, додека вториот се однесува на конзервација на фреските од Епископската Базилика и е финансиран од Амбасадата на САД, односно Амбасадорскиот грант за заштита на културното наследство.
Поврзано:
Мозаикот во Куќата на Перистерија, 13.12.2010
Најстарите христијански фрески во Р. Македонија, 14.12.2010
Галерија:
Церемонија
Конзервација