Во 1972 година, старата железничка зграда на Стоби била преадаптирана во скромен изложбен простор. Тука биле презентирани артефакти од различните временски епохи во кои егзистирал градот.

Стар музеј фотографии

Previous Next

Петте витрини содржеле керамички садови, лампи, монети, метални предмети и теракотни фигурини. Просторот бил надополнет со карти и фотографии од градбите и тековните ископувања. Покрај јужниот ѕид била сместена реконструкцијата на еден гроб со кремиран покојник. На средината биле поставени делови од мозаици откриени во сингаогата и епископската базилика, а веднаш до нив се наоѓала скулптурата на императорот, пронајдена во театарот.

 

Поради дотраеноста на музејската зграда и потребата од повторна конзервација на изложените предмети, стариот музеј во Стоби е затворен во 2009 година. 

Stobi Winery

Advertisement

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026