Меѓу најубавите теракотни фигурини откриени во Стоби е претставата на Ерос на бик. Ерос е син на божествениот пар Афродита и Арес, бог на љубовта, убавината и сексуалната желба. Античкиот поет Хесиод, во својата Теогонија во основачите на светот го вбројува и Ерос, нарекувајќи го најправедниот меѓу боговите. Тој е првородената светлина и движечка сила во постојаната обнова на природата и хармонијата во космосот, создадена преку моќта на љубовта. Неговата бескрајна лубов со Психе е најромантичната приказна во старите грчки митови. Иако Ерос вообичаено е прикажуван како јава делфин или лебед, претставата на Ерос на бик се поврзува со плодноста.
Комерцијална копија