Претставени се богот на љубовта заедно со неговата сакана Психе, божицата на душата. Пред да стане бесмртна нејзината ненадминлива убавина предизвикала завист кај божицата Афродита па таа го испратила својот син Ерос за да ја заведе и казни. Богот не успеал да одолее и се заљубил во неа. Оттогаш тие тајно се среќавале под услов таа никогаш да не го види неговото лице. Нејзините љубоморни сестри ја натерале да го прекрши договорот па така Ерос ја напуштил. Тажна и со голема болка таа талкала низ светот по изгубената љубов. На крајот стигнала до палатата на Афродита каде што станала робинка на божицата исполнувајќи ги најтешките задачи. Нејзината истрајност и силна љубов повторно ја споиле со Ерос .
Во уметноста Психе се претставува со крила на пеперутка и е симбол на човечката душа прочистена преку страсти и несреќи и со тоа припремена за вистинска и чиста радост.
Комерцијална копија