Теракотните фигурини со сцени од секојдневниот живот се меѓу најинтересните претстави откриени на Западната некропола во Стоби. Молзачот на коза или Caprimulgus е широко распространета сцена, која се среќава и во сликарството и декорацијата на накитот. Самиот збор Caprimulgus во римско време е синоним за селанец. Иако речиси секогаш се објаснува како сцена од секојдневниот живот, сепак не е исклучена можноста ова да е некоја култна слика, поради тоа што во регионот на Медитеранот, мотивот се јавува и на златни прстени од претходните векови.
Комерцијална копија