Коњаникот во Стоби е една од ретките теракотни фигурини која не може со сигурност да се атрибуира на одредено божество. Во антиката, се среќаваат скулптури и рељефи на коњаници во различни векови. Некои од претставите се врзуваат со одредени настани и мотиви од секојдневниот живот, додека за други со сигурност се знае дека имаат култна позадина. Во Р. Македонија и пошироко на Балканот, најпозната претстава е онаа на тракискиот коњаник чиј култ се поврзува со повеќе божества или пак со хероизација. Покрај тракискиот коњаник, во предримско време познати претстави се и оние на Диоскурите, а во римскиот период посебно актуелен станува Дунавскиот коњаник.
Комерцијална копија