Сувенири

270 ден.

На светилката е претставено дрво, обиколено од винова лоза со гроздови. Виновата лоза е симбол на младост, плодност и вечниот живот. Таа е поврзана со богот на виното, грозјето и театарот; богот кој е инспирација за ритуалниот транс, обожувањето и екстазата, карневали и прослави - Дионис. Митот за создавањето на првата винова лоза е поврзана токму со ова божество: Ампелос, млад сатир кој бил штитеник на Дионис, бил заклан од див бик, по што растажениот бог го претворил во винова лоза.

 

Правењето вино исто така играло голема улога во животот на големите цивилизации. Плиниј Постариот зборува за винови лози стари и до 600 години. Религиозната симболика на виновата лоза е присутна и во христијанството. Во стари христијански натписи, се спомнува дека Ное посадил лозје веднаш по големата поплава. 

 

 

Комерцијална копија

Advertisement

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026