Светилка со претстава на Дионис, богот на виновата лоза и виното. Сите детали на светилката, голата и помалку феминизирана претстава на божеството, испреплетениот бршлен во косата, Силенот од неговата десна страна кој држи кантарос од кој излегуваат винови лози, гроздови и розети упатуваат на Дионисиска сцена. Ова е безгрижниот Дионис со кој се поврзани екстатични и безгрижни веселби проследени со музика и танци, најчесто под дејство на силното вино. Неговата божествена мисија, меѓу другoтo, е ослободување на своите поклоници од грижите на секојдневието.
Комерцијална копија