Теракотните фигурини на домашна или дива свиња се меѓу најретките животински престави во збирката на Стоби. Ловот на диви свињи во антиката бил сметан за тест за храброст, оттаму во уметноста и литературата често се среќаваат сцени на лов. Двете најпознати митолошки приказни се славниот лов на Калидонскиот вепар, во кој учествувале многу јунаци, и едно од дванаесетте дела на Херакле. Вепарот најчесто се поврзува со култот кон Артемида, божицата на ловот и господарка на сите животни, додека, пак, домашните свињи биле најчеста жртва принесувана на Деметра. Богот на војната, Арес имал моќ да се престори во вепар. Животинските претстави често се интерпретираат и како жанр-сцени, поврзани со секојдневниот живот.
Комерцијална копија