Новости

Реализиран мал ЕУ грант за Епископската базилика

декември, 26 2013 | Ioannes Stobaeus

 

Во периодот меѓу август и ноември, се одвиваше проектот „Прелиминарни истражувања во Епископската базилика и крстилницата на археолошкиот локалитет Стоби“, финансиран во рамките на Љубљана процес II за рехабилитација на заедничкото културно наследство во Западен Балкан. Проектот вклучуваше лабораториска анализа на хемискиот состав и физичките карактеристики на малтерот во објектите, скенирање со гео радар на просторот јужно од базиликата со цел да се утврдaт границите на целиот комплекс  и ласер скенер снимање и изработка на дигитална документација на јужниот ѕид од Епископската базилика во должина од 35 метри и височина од 4,5 метри.  Висината на грантот изнесуваше 5 000 евра.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026