Kако дел од четиригодишниот договор за спонзорство меѓу винаријата Стоби и НУ Стоби, во текот на декември и јануари беше реализирана донацијата за 2010 година. Дел од средствата беа реализирани за реновирање и уредување на депото на археолошкиот локалитет каде што се чуваат околу 20 000 артефакти, откриени во изминатите 50 години. Реновирањето опфаќаше изолација на темелите и ѕидовите и поплочување на подот. На тој начин е решен проблемот со влагата и после многу години конечно се обезбедени пристојни услови за чување на археолошкиот материјал. Вториот дел од спонзорството беше искористен за уредување на работниот простор во НУ Стоби, односно набавка на рафтови за библиотеката, бироа и компјутерска опрема. Покрај тоа, воспоставена е и компјутерска мрежа со сервер каде што се складира дигитализираната документација од проектите за археолошки истражувања и конзервација.
НУ Стоби изразува голема благодарност до винаријата Стоби за несебичната поддршка во напорите за одржување и чување на еден од најзначајните локалитети во Р. Македонија.
Поврзано:
Договор за спонзорство со винарија Стоби (24.11.2010)