Националната установа Стоби со поддршка од World Monuments Fund, на 22-ри септември (сабота) на археолошкиот локалитет Стоби организира настан од едукативен карактер, со кој ќе го одбележиме денот посветен на грижата за спомениците на културата (World Monuments Watch Day 2012), кои во 2012 година се најдоа на листата на светското културно наследство (World Monuments Watch List). Во програмата со наслов „Посети го Стоби – инспирирај се“ се вклучени ученици од локалните основни училишта ОУ Даме Груев - Градско, ОУ Пере Тошев - Росоман и интернационалното училиште „Нова“ од Скопје.
Настанот опфаќа едукативна прошетка низ локалитетот, по што ќе се организираат две работилници: сликање акварели инспирирани од локалитетот и работилница за мозаици со мотиви од оригиналните подни декорации. Слични настани ќе се одржат и на другите локалитети ширум светот, кои во 2012 г. се наоѓаат на листата на World Monument Watch. Целта на настанот е да се сврти глобалното внимание кон спомениците на културата и да се потенцира нивното непроценливо значење за човештвото.
Националната установа Стоби ги поканува сите заинтересирани да го посетат локалитетот во сабота, во периодот меѓу 10 и 14 часот. Влезот на локалитетот е слободен.
Поврзано:
http://www.wmf.org/news
Стоби на листата на World Monuments Watch 2012