Новости

Стоби на листата на World Monuments Watch 2012

октомври, 19 2011 | Ioannes Stobaeus

 

На 5 октомври во Њујорк, World Monuments Fund одржа прес конференција на која беше објавена листата World Monuments Watch 2012, на која се поставени 67 локалитети и споменици од 41 земја во светот.  Во групата на културни споменици со универзално значење за кои е потребно глобално внимание е и археолошкиот локалитет Стоби како единствен претставник од Р. Македонија. Ова е одлична можност за Националната установа Стоби преку реализацијата на меѓународни проекти да одговори на предизвиците за конзервација на градбите во Стоби од аспект на финансии и човечки ресурси. Покрај конзервацијата, втор приоритет е подигнување на нивото на туристичката промоција на локалитетот и запознавањето на локалнoтo население со значењето на Стоби во поширока смисла.

   World Monuments Watch e главната програма на World Monuments Fund воспоставена во 1996 година, која на секои две години ја алармира светската јавност и привлекува интернационално внимание за ризиците и влијанијата на природата и социјалните, политички и економски промени врз светското културно наследство. World Monuments Fund е многу ефективен во правец на привлекување внимание кон предизвиците со кои се соочува културното наследство и изнаоѓање на соодветни решенија.

 

Линкови:

 

Официјална веб страна на World Monuments Fund 

 

Мапа со локалитети на 2012 World Monuments Watch

 

Официјална World Monuments Watch страна за Стоби 

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026