Во периодот меѓу август и ноември, се одвиваше проектот „Прелиминарни истражувања во Епископската базилика и крстилницата на археолошкиот локалитет Стоби“, финансиран во рамките на Љубљана процес II за рехабилитација на заедничкото културно наследство во Западен Балкан. Проектот вклучуваше лабораториска анализа на хемискиот состав и физичките карактеристики на малтерот во објектите, скенирање со гео радар на просторот јужно од базиликата со цел да се утврдaт границите на целиот комплекс и ласер скенер снимање и изработка на дигитална документација на јужниот ѕид од Епископската базилика во должина од 35 метри и височина од 4,5 метри. Висината на грантот изнесуваше 5 000 евра.