На 22 февруари, Силвана Блажевска, директор на НУ Стоби и раководител на истражувањата, одржа предавање во Американската школа за класични студии во Атина. Предавањето беше реализирано на покана на Џек Дејвис, директорот на Aмериканската школа. Во 50 минутното излагање, Блажевска ги презентираше резултатите од археолошките ископувања на Стоби во 2009 и 2010, реализирани во рамките на капиталниот истражувачки проект финансиран од Владата на Р. Македонија. На коктелот кој следеше по предавањето, поголемиот дел од стручната публика ги изрази своите комплименти за начинот на работа, професионалниот пристап и постигнатите резултати.