Новости

Интернационални работилници за конзервација во Стоби

јуни, 04 2014 | Ioannes Stobaeus

 

На 7 јуни, во сабота, отпочнуваат интернационалните работилници за конзервација и документација на римска керамика и мозаици кои ќе траат до 21 јуни, а во периодот од 21 до 27 јуни ќе бидат одржани и работилници за конзервација на фрески и стаклени садови. Во рамките на работилницата за конзервација на мозаици ќе се работи на мозаикот од нартексот на Епископската базилика, а во рамки на работилницaта за конзервација на фрески ќе бидат чистени и консолидирани помали парчиња од ѕидната декорација на Епископската базилика. Работилницата за конзервација на керамика опфаќа вовед во процесот преку работа на современи садови, а потоа и работа на автентични римски садови. Покрај практичната работа, програмата на работилниците вклучува и стручни предавања, како и екскурзии во Хераклеја Линкестис (Битола) и Лихнид  (Охрид).

 

Проектите се одржуваат петта година по ред и се резултат на соработката меѓу Националната установа Стоби и фондацијата „Балканско Наследство“ од Стара Загора. Во овогодинешните работилници ќе партиципираат вкупно 10 лица од Австралија, Тајван, Велика Британија, Шведска, Италија, Канада и САД.  

 

Кликнете за галерија од работилниците во 2013 г.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026