Новости

Меѓународна археолошка конференција во Стоби

септември, 26 2018 | Ioannes Stobaeus

 

По повод одбележување на јубилеите 100 години од првите систематски археолошки ископувања на Стоби и 10 години од формирањето на НУ Стоби, во периодот од 27.09-30.09.2018 година, ќе се одржи меѓународна археолошка конференција под наслов „Меѓу Истокот и Западот. Стоби и градовите во римските провинции на Балканот“ (Between East and West. Stobi and the Cities of the Roman Provinces in the Balkans).  Конференцијата ќе се одржи во винаријата Стоби.  Покрај домашните истражувачи, на конференцијата ќе учествуваат педесетина реномирани археолози од различни земји како САД, Австрија, Франција, Германија, Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Настанот ќе биде официјално отворен на 27.09.2018 г., во 17.45 ч., а на отворањето ќе зборуваат м-р Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата во Владата на Република Македонија, Спасе Перовски, директор на НУ Стоби, академик Вера Битракова Грозданова, проф. д-р емеритус Џејмс Вајсман, д-р Силвана Блажевска и проф. д-р Каролин Снајвли. На отворањето ќе биде промовирано и четвртото издание на обновениот зборник Студии за старините во Стоби (Studies in the Antiquities of Stobi) каде се презентирани резултати од археолошките истражувања на Стоби од 1970-та до 2012 година. Програмата на конференцијата можете да ја најдете тука.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026