2008 - Пилот активности за едукација и култура

 

спонзорирано од Италијанската влада и реализирано од International Management Group (IMG)

 

Канцеларијата на International Management Group во Скопје е основана во 2002 година.

 

Во 2006 се јавува како главен реализатор на пилот активностите за едукација и култура. Од вкупниот фонд од 3 000 000 евра одобрен за реализација на програмата, од владата на Италија, 2/3 се распоредени за  проектите од областа на културата, а 1/3 за проектите од областа на образованието.

 

Во областа на културата е реализиран проектoт за помош во заштитата и презентацијата на три археолошки локалитети во Р. Македонија (Скупи, Хераклеја, Стоби).

 

Во склоп на проектот на IMG, на археолошкиот локалитет Стоби беа изведени следните активности:

            - поставување на нови информациони табли пред секој објект

            - ноќна илуминација на локалитетот

            - реновирање на бараките на локалитетот

            - препечатување на водичот „Стоби“ на д-р Елеонора Петрова

            - изработка на Географски информациски систем за Стоби

 

Изработката на ГИС (Географски Информациски Систем) е изведено под раководство на Емануеле Бриенца во неколку етапи: 

- изработка на база од мултимедијални и алфанумерички податоци

- исцртување на основите на сите градби и нивно позиционирање на мапата на градот

- laser-scanner кампањa

- комбинирање на резултатите од претходните три етапи во продукт погоден за презентација.

 

Резултатите беа меѓусебно поврзани со помош на програмскиот пакет ArcGIS. На тој начин се овозможи лесен пристап до сите информации за градот и за објектите во него, вклучувајќи ги и сите информации од базата на податоци (и мултимедијалниот и текстуалниот дел). Бројните можности за нагодувања на програмскиот пакет ArcGIS овозможуваат повеќе пристапи во презентирањето на податоците,  во зависност од потребите и желбите на корисникот.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026