2006 - 2008 Проект „Археолошка и туристичка...

 

„Археолошка и туристичка валоризација на Стоби – Римски Форум“ под покровителство на CISS – Cooperazione Internazionale Sud Sud

 

Од декември 2005 година, италијанската НВО CISS од Палермо се вклучува во археолошките активности на музејот Македонија за откривање на „Градбата со арки“ која во рамките на проектот го добива работното име „Римски форум“.

 

Од 2006 до 2008 година, истражувањата се продолжени преку проектот „Археолошка и туристичка валоризација на Стоби – Римски Форум“ под покровителство на НВО CISS. Директор на проектот е д-р Осама Хамдан, а раководител и координатор на активностите е Мила Шурбановска.

 

Основните цели на соработката се:

 

 - Откривање на непознатата историја на Стоби од раноримскиот период

 - Утврдување на големината, карактерот и функцијата на објектот Римски форум

 - Утврдување на хронологијата на форумот

 - Остручување на локалното население за заштитата на постоечките ресурси на културно наследство

 - Заштита на значајните археолошки остатоци преку примена на искуствата од реставраторската пракса

 - Подигнување на јавната свест и развивање на туристички атракции

 

Во рамки на проектот е откриен поголемиот дел од објектот како и неговата мермерна декорација. Откриени се и повеќе делови од мермерни, позлатени скулптури. Покрај ископувањата е одржана и летна школа за конзервација на мозаици во која зедоа учество македонски и палестински студенти.

 

Во јануари 2006 година е извршена промоција на проектот додека во јули 2006 година е одржана прес конференција каде се претставени резултатите од археолошките истражувања и идните зафати. Во рамки на оваа прес – конференција е промовирана и брошурата Forum Romanum Stobis.

 

Од 2009 година во подготовка е нова публикација во која ќе бидат промовирани резултатите на проектот во периодот од 2006 до 2008 година.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026