2001 проект „Предримско Стоби...

 

Во 2001 година, USAID ги финансира археолошките истражувања во рамки на проектот „Предримско Стоби - население и култура“ под раководство на Елеонора Петрова.

 

Целта на проектот е да се утврдат рамките на предримската населба, предримските погребувања и стратиграфијата. Истражувањата се водени од страна на Музејот на Македонија со надворешни соработници. Истражувани се 7 пункта и тоа: Domus Fulonica, Куќа на Перистерија, Цивилна базилика, Епископска резиденција, Северен градски бедем, Акропола и т.н. Објект на платото над музејот.

 

Скромен извештај за истражувањата во рамки на овој проект е објавен во Macedonia Acta Archаeologica Бр. 18.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026