Во Стоби се чуваат околу 20 000 артефакти за кои е направен теренски инвентар во времето кога се откриени. Имајќи предвид дека станува збор за 50 години истражувања на различни тимови, се наметнува потребата за создавање на современ и воедначен систем на инвентарирање. Софтвер кој во себе ќе ги интегрира сите потребни информации за досега откриените артефакти е најдоброто решение за прецизна евиденција и документација на овој сегмент од културното наследство.