Поставување на едноставна ограда изработена од ковано железо која не само што ќе претставува најсоодветна заштита и ќе го подигне степенот на безбедност, туку и одлично ќе се вклопи во амбиентот не нарушувајќи го изгледот на локалитетот.Оградата која ја предлагаме во проектот е висока 2 метри, со 6 хоризонтали од гравиран флах со димензии 4х25 мм, со вертикали од полно железо со димензии 12х12х2000 мм, торзивно усукани, со типизирани врвови (копјести) со проред од 120 мм, кои формираат лачен завршеток. На секои 2 метри се вградува вертикала од цевка со димензии 40х40х3 мм, за монтажа на оградата и косник за зацврстување и стабилност. Фундаментот на секоја вертикала е забиена цевка 40х40х3 мм во земјата со должина од 1 метар. Ваквиот начин на фиксирање на оградата овозможува стабилност и цврстина на истата, но и лесна преносливост на друга позиција по потреба. Боењето на оградата е со минимум и завршна мат црна боја. Сегашната ограда од бетонски столпчиња и мрежа е крајно несоодветна и благо речено неестетска која ни оддалеку не кореспондира со еден ваков споменик на култура.