Сувенири

390 ден.

Афродита - божицата на убавината и љубовта е претставена гола, со хидрија од десната страна во моментот пред чинот на ритуално капење. Со левата рака срамежливо ги покрива интимните делови од своето тело. Оваа варијанта на божицата позната како Афродита од Книдос, за првпат ја извел во мермер познатиот атински скулптор Праксител околу 350 г. пр. н.е. Монументалната скулптура која се верува дека ја отсликува идеалната женска убавина претставува првата гола претстава на Афродита. Kако модел послужила убавата куртизана Фрине, во која Праксител бил заљубен. Малите копии во глина на Афродита од Книдос се мошне популарни во хеленистичкиот и раноримскиот период.

 

 

Комерцијална копија

Stobi Workshops and Field School

Advertisement

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026