Светилка со претстава на трагична театарска маска со кадрава коса и широко отворени очи и уста. Театарските маски биле значаен елемент употребуван во ритуалите и свеченостите поврзани со култот на Дионис, а по одржаните претстави биле посветени во неговиот храм. Во театрите, маските му овозможувале на актерот да се појави во повеќе различни улоги, не дозволувајќи и на публиката да го открие неговиот идентитет. Освен на светилките, мотивот на театарска маска е многу чест и се среќава на теракотни фигурини, скулптури, фрески и мозаици.
Комерцијална копија