Сувенири

270 ден.

Светилка со претстава на був кој стои на гранка. Бувот се поврзува со божицата на војната, остроумноста, знаењето и занаетите, Атена. Во литературата, Атена многу често се спомнува со епитетот glaukopis, што значи светлоока или со светкави очи. Бувот како нејзин чест придружник претставува симбол на проникливост и мудрост, особено ако се има предвид неговиот одличен ноќен вид. Во римско време, истата симболика и атрибути ги презема римскиот пандан на Атена, Минерва. Но, покрај тоа, кај Римјаните бувот се смета за погребна птица, со оглед на тоа што е активна ноќе и се гнезди на тешко достапни места. Римјаните сметале дека ако дење видат був, ќе ги следи несреќа.

 

 

Комерцијална копија

Advertisement

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026