Сувенири

270 ден.

Сатирите се шумски божества, одлични свирачи на кавал, весели придружници на Дионис, љубители на добро вино и жени, секогаш спремни за телесни уживања. Често се претставувани  со големи шилести уши, коњска опашка, со долга кадрава коса испреплетена со винова лоза или бршлен, долга брада и мал, шпрт нос. Староликиот портрет на сатир на светилката веројатно го претставува Силен, најверниот придружник и учител на Дионис. Покрај божеството е претставен тирсос - стапот на Дионис со шишарка на врвот. Светилката била изработена во северно-африканските работилници во текот на 2 век од н.е. 

 

 

Комерцијална копија

Stobi Workshops and Field School

Advertisement

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026