На 28.12.2011 година во 19 ч., во Музејот на Македонија ќе биде свечено отворена годишната изложба „Археолошка Македонија 2011“, каде што ќе бидат изложени различни артефакти откриени на археолошките локалитети изминатава година. Изложениот материјал од Стоби потекнува од два хеленистички гроба од 2 век п.н.е. откриени при истражувања во куќата на Перистерија, два гроба од крајот на 1 век п.н.е откриени на Западната некропола и од населбинските слоеви документирани под мозаикот во Куќата на Перистерија и под подот на Куќата со триклиниум.