Крајот на март и убавото време го носат почетокот на новата туристичка сезона во Стоби. Сите подготвки се завршени, а главен новитет за оваа година е презентацијата на мозаикот во Куќата на Перистерија. По завршувањето на проектот за конзервација, оваа пролет, мозаикот ќе биде достапен за посетителите.
За оваа година се очекува поголема посета на локалитетот благодарение на квалитетните прошетки низ историјата на градот, интересните сувенири и новата веб страна. Во текот на 2010 година, Стоби го посетиле 11 861 туристи.