Период: 16 - 18 октомври 2024 год.
Краен рок за пријавување: 10 септември 2024 год.
Локација: Археолошки локалитет Стоби
Организатор: Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби
Националната установа Стоби со задоволство ја најавува работилницата „Конзерваторски материјали – од наука до примена“, која ќе се одржи од 16 до 18 октомври 2024 година. Овој проект е поддржан од Министерството за култура на Р. С. Македонија согласно годишната програма за работа на Националните Установи за 2024 година.
Содржина на работилницата:
Работилницата ќе опфати теми поврзани со технологијата на материјали, нивната идентификација и практични искуства во конзервацијата на керамика и стакло. Низ три дена предавања и практична работа, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со хемиските аспекти на материјалите во културното наследство, да добијат увид во керамиката базирана на глина во културното наследство и да ги продлабочат своите знаења за историјатот, оштетувањата и основните методи и техники за конзервација на археолошки предмети од керамика и стакло.
Учесници:
Работилницата е наменета за студенти од 3-та и 4-та година на додипломски студии, како и за постдипломци, докторанти и млади професионалци на почетокот од својата кариера (археолози, историчари на уметност, конзерватори, реставратори, ликовни уметници, технолози и други сродни професии).
Финансиски трошоци:
Организаторот ги покрива сите трошоци за учество на работилницата, вклучувајќи дневни оброци и сместување.
Сертификат:
По успешно завршување на работилницата, учесниците ќе добијат сертификат за учество.
Пријавување:
За пријавување, потребно е да го пополните формуларот на следниот линк: https://forms.gle/Tk4wGKDJUgxePckQ6
За сите прашања, можете да се обратите на следната е-адреса: rabotilnica.stobi@gmail.com
Лица за контакт: Билјана Јанкуловска Пеева и Ивана Коцевска
Краен рок за пријавување:
10 септември 2024 година
Организаторот го задржува правото да ги промени датумите и распоредот на работилницата поради технички или организациски потреби, со навремено известување за таквите промени.