Inscriptiones Stoborum од Славица Бабамова е првата публикација на НУ Стоби од серијата на монографии во рамките на Студиите за старините во Стоби. Публикацијата претставува корпус на сите досега откриени натписи од локалитетот, со исклучок на натписите од седиштата на театарот. Покрај натписите на камен, опфатени се и графитите на фреските од Епископската базилика, како и натписите изведени во мозаик. Подготовката на книгата е во завршна фаза и нејзината промоција се очекува на почетокот од 2013 година.