Во текот на 2012 година, НУ Стоби и фондацијата Балканско Наследство ќе реализираат три заеднички меѓународни проекти. Во периодот од 16 – 29 јуни, паралелно ќе се одвиваат работилница за конзервација и документација на римска керамика и работилница за конзервација и документација на мозаици. Работилницата за конзервација на керамика се одржува трета година во континуитет, додека работилницата за конзервација на мозаици за првпат се воспоставува оваа година. Рокот за пријавување истекува на 15 мај. За детаљни информации околу работилниците кликнете тука.
Интернационалната школа за теренска археологија, оваа година ќе се одвива во периодот од 29 јули – 27 август. Ископувањата ќе продолжат на истиот простор како и во 2011, така што ќе се истражуваат објектите од населбинскиот комплекс во близина на Полукружниот плоштад. Рокот за пријавување истекува на 1 јули. За повеќе информации кликнете тука.
Сите партиципанти кои се студенти добиваат академски кредити во зависност од проектот и периодот на учество.
Поврзано:
Заврши интернационалната школа за археологија (27.09.2011)
Работилници за конзервација во тек (21.06.2011)