Новости

World Monuments Day 2012 во Стоби

октомври, 16 2012 | Ioannes Stobaeus

 

По повод денот посветен на грижата за светското културно наследство (World Monuments Watch Day 2012), на 22 септември во Стоби беа организирани работилници за изработка на акварели и мозаици со мотиви од локалитетот. Во настанот „Посети го Стоби – инспирирај се“ учествуваа ученици од локалните основни училишта „Даме Груев“ од Градско и „Пере Тошев“ од Росоман како и ученици од интернационалното основно училиште „Нова“ од Скопје. Погледнете ги фотографиите од настанот во нашата галерија.

 

Слични настани беа организирани и на останатите локалитети ширум светот кои исто така се дел од листата на World Monuments Fund за 2012. Целта на настанот е насочување на светското внимание кон културното наследство како вредност со непроценливо значење за човештвото.

 

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026