Речиси 150 години од неговото откривање и 20 - тина години од постоењето на глобалната мрежа, најпознатиот локалитет во Р. Македонија конечно доби сопствена интернет страна. Отсега светот ќе може од дома да „ѕирка“ на Стоби и да дознава што се случило и што се случува на античкиот град.
Оваа значајна промоција на нашето културно наследство е донација од тимот креативци на SEAVUS, на кои Националната установа Стоби им вели огромно БЛАГОДАРАМ.